Македонија Александар Ѓорѓиев: Ја споделуваме загриженоста на ОБСЕ

Александар Ѓорѓиев: Ја споделуваме загриженоста на ОБСЕ

Владата од осамостојувањето високо ја цени улогата на ОБСЕ и цени дека ОБСЕ има придонес во развојот на Република Македонија, а за прашањата за кои понекогаш можеби има различни погледи, треба да се дискутира на принципиелни основи и повеќе врз основа на аргументи, а помалку на интуиција, затоа што и Владата и ОБСЕ имаат заеднички цели, смета портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев.

– ОБСЕ е партнерска организација на Република Македонија. Ја споделуваме загриженоста и цениме дека треба да се дискутира заеднички на принципиелни основи, врз основа на аргументи повеќе, а помалку на интуиција за прашањата околу кои можеби понекогаш имаме различни погледи. Она што е значајно е тоа дека имаме заеднички цели, а целта на Владата е обезбедување напредок, благосостојба и развој на Република Македонија – изјави портпаролот, одговарајќи на новинарско прашање во врска со изјавата на американскиот амбасадор во ОБСЕ.

Тој додаде дека во досегашниот период од независноста, во соработка со ОБСЕ се спроведуваат проекти и реформи кои се од интерес на Република Македонија и со кои се унапредуваат стандардите во сите општествени сфери во Република Македонија.