Свет Ал каеда: Исламска држава е нелегитимна

Ал каеда: Исламска држава е нелегитимна

Лидерот на Ал каеда, Ајман ал Завахири, соопшти дека Исламска држава и нејзиниот лидер Абу Бакр ал-Багдади се незаконити, но рече дека неговите приврзаници ќе ја поддржат нивната борба против западните коалиции во Ирак и во Сирија, доколку тоа е можно.

– Не го признаваме овој калифат – вели Завахири во аудиоснимка што се појави на интернет.

Не е сигурно кога говорот е снимен, но се претпоставува дека е стар најмалку осум месеци.

Милитантната Исламска држава, која контролира големи делови од Ирак и од Сирија, вети дека ќе го реформира калифатот на Блискиот Исток.

Без разлика на ривалството меѓу Ал каеда и Исламска држава, Завахири рече дека сè уште има простор за соработка кога станува збор за борбата против Западот.

– Без разлика на големите грешки на Исламска држава, да бев во Ирак или Сирија, ќе соработував со нив во убивањето христијани, секуларисти и шиити, иако не ја признавам легитимноста на нивната држава – рече Завахри.