Македонија Активни се два пожара, еден под контрола и 21 пожар изгаснати

Активни се два пожара, еден под контрола и 21 пожар изгаснати

Активните пожари се на Галичица Општина Чашка, на планината Мукос

фото: Центар за управување со кризи (ЦУК)

Во последното деноноќие биле изгаснати 21 пожар, а еден бил ставен под контрола, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Утрово сè уште се активни два пожара, на Галичица Општина Чашка, на планината Мукос.

Под контрола е пожарот во Општина Демир Хисар, на Плакенска планина.

Во Скопје биле изгаснати 10 пожари, во Битола, Струмица и Куманово по два, во Штип четири и во Тетово бил изгаснат еден пожар на отворено.

Центарот за управување со кризи апелира да не се пали вегетација на отворено, а доколку граѓанин види пожар, што побрзо да го пријави истиот на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112.