Македонија Активни се 12 пожари, 7 се под контрола и 30 се изгаснати

Активни се 12 пожари, 7 се под контрола и 30 се изгаснати

Во активните пожари горат борови и букови шуми, папрати, нискостеблеста вегетација и сува трева

Фото: МВР (јули 2024)

Во текот на вчерашниот ден имало вкупно 49 пожари на отворен простор, од кои моментално 12 се активни, 7 се под контрола и 30 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Активни се пожарите во општините Македонски Брод, Кочани, Македонска Каменица, Ресен, Кичево, Маврово-Ростуше, Новаци, Битола, Пласница, Македонски Брод и Пробиштип.

Во активните пожари горат борови и букови шуми, папрати, нискостеблеста вегетација и сува трева.

Под контрола се пожарите во општините Пехчево, Демир Хисар, Чашка, Дебар и Македонски Брод. Таму горат шуми и нискостеблеста вегетација, како и депонија во Делчево.

Во 30 изгаснати пожари биле зафатени сува трева, ѓубре и стрништа.