Забава Актерите од филмот „50 нијанси сиво“ заработиле само по 250.000 долари

Актерите од филмот „50 нијанси сиво“ заработиле само по 250.000 долари

Филмот „50 нијанси сиво“ заработи повеќе од 550 милијарди долари на благајните на кино-салите, но, споредено со заработката на продуцентите, излегува дека главните актери во филмот работеле само за „нешто ситно“. Имено, како што наведува „Холивуд репортер“, ѕвездите на филмот, Дакота Џексон и Џејми Дорнан, заработиле по 250.000 долари.

Иако, овие суми се „ситница“ во однос на тоа колку заработуваат некои нивни колеги, сепак магазинот оценува дека Џексон и Дорнан би можеле одлично да профитираат од продолжението на филмот.