Македонија Парното за скопјани ќе работи до 1 мај!

Парното за скопјани ќе работи до 1 мај!

Ако продолжат ниските температури, скопјани, кои се приклучени на парно греење, ќе се топлат до крајот на месецот.

Диструбитерите од денеска не мора да чекаат температурата во 21 часот три дена по ред да биде 12 Целзиусови степени или пониска, туку можат уште истиот ден да ги стартуваат топланите. Тие добиле дозвола од Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) да испорачуваат греење како да е грејна сезона, велат нашите извори.

Грејната сезона почнува на 15 октомври и трае до 15 април.

Според правилникот, од 13 до 29 април, топланите се во приправност и можат да вклучат греење доколку температурата во 21 часот три дена по ред е 12 степени, според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи.