Македонија Ахмети: Одлуката на таканаречениот претседател е непромислена и нема ништо да реши

Ахмети: Одлуката на таканаречениот претседател е непромислена и нема ништо да реши

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети оцени дека одлуката на како што го нарече „таканаречениот претседател“ Ѓорге Иванов да ги прекине судските постапки против политичарите нема ништо да реши.

Ахмети рече одлуката на Иванов е избрзана и непромислена и дека побарал помош од Европската комисија за изнаоѓање решение од кризата, која, според него, се продлабочува.

Претседателот Иванов денеска во обраќањето до нацијата рече дека одлуката ја донел сам и оти со неа се обидува да ја реши политичката криза, која е наметната од надвор и која не се решила со Договорот од Пржино.