Македонија Агенцијата за визуелни медиуми смета дека МТВ известува професионално

Агенцијата за визуелни медиуми смета дека МТВ известува професионално

Со четири гласа „против“, еден „за“ и со двајца воздржани, Агенцијата за медиуми го отфрли барањето на членот на советот, Зоран Фиданоски, да се упати јавен повик до МРТ во кој како тело ќе побараат јавниот сервис да се придржува до законските одредби за професионално и непристрасно информирање, објави „А1 он“.

Зоран Фиданоски рече дека јавниот сервис одговара пред граѓаните кои имаат право да бидат целосно и професионално информирани.

Повод за реакцијата на Фиданоски е непрофесионалното извествување на МРТ за „бомбите“ на опозицијата и серизоните обвинувања за криминал кој, според него, јавниот сервис успешно ги прикривал повикувајќи се на соопштение од јавен обвинител.

Според него, уредничкиот тим на МТВ1 не смее да ги игнорира прес-конференциите на опозицијата, каде се објавуваат прислушувани разговори на челниците од власта, а да се пуштаат во програма видеозаписите од средбите на Груевски и на Заев кои се снимени со посебни истражни мерки и се забранети за пуштање во програма, но и предвидуваат затворски казни.

Алма Машовиќ, пак, иницијативата на Фиданоски ја оквалификува како обид тој да собере политички поени на сметка на советот. Преставникот на МАН во советот, Лазар Трајчев, рече дека советот не смее да се меша во политика, а известувањето на јавниот сервис го оквалификува како професионално и непристрасно.