Македонија Агенција за храна: Турските лимони се безбедни!

Агенција за храна: Турските лимони се безбедни!

Агенцијата за храна и ветеринарство ќе ги засили инспекциските контроли, кај увозниците на јужно овошје и во внатрешниот промет.

Немаме добиено известување дека се увезени небезбедни лимони од Турција преку Системот за брзо предупредување за храна и храна за исхрана на животни (РАССФ) на Европска Унија, соопштија денеска од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).

„Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство вршат континуирани контроли на пратките со цитрусно овошје што се увезуваат во Македонија, вклучително и на увозот на лимони од Турција, со земање мостри и со вршење лабораториски испитувања. Досега ниту со еден резултат од испитаните мостри цитрусно овошје, вклучително и лимони, кои во земјава се увезуваат од Република Турција, не се евидентирани отстапувања во поглед на безбедносните критериуми за увоз на агруми“, соопштија од АХВ.
Агенцијата за храна и ветеринарство ќе ги засили инспекциските контроли кај увозниците на јужно овошје и во внатрешниот промет.
„Од почетокот на годинава, заклучно со септември, на македонскиот пазар увезени се 4.784.014 килограми лимони, со потекло од Грција, Шпанија, Бразил и од Италија. Во истиот временски период само од Република Турција увезени се 2.913.823 килограми“, соопштуваат од АХВ.