Македонија Адвокатска комора: Што побргу да се најде решение за штрајкот на УПОЗ

Адвокатска комора: Што побргу да се најде решение за штрајкот на УПОЗ

Од Адвокатската комора на Македонија апелираат што поскоро да се најде прифатливо решение за штрајкот на вработените во судската администрација, затоа што, како што велат, и адвокатите трпат последици од неработењето на судовите.

„Адвокатската комора ги поддржува напорите на двете страни за што поскоро наоѓање на прифатливо решение за проблемите што се причина за штрајкот. Со целосно почитување на законското право на штрајк, нагласуваме дека и адвокатите трпат последици од неработењето на судовите, што уште повеќе го изразува интересот на Адвокатската комора за што поскоро завршување на штрајкот“, соопштуваат од Адвокатската комора.

Адвокатската комора го донела овој заклучок на седницата на управниот одбор одржана на 20 јуни и со заклучокот се обратила до Министерството за правда на Република Македонија, Судскиот совет на Република Македонија и до Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани на Република Македонија (УПОЗ).