Македонија Ад хок телото за медиуми поведе прекршочни постапки против две телевизии

Ад хок телото за медиуми поведе прекршочни постапки против две телевизии

Ад хок телото за медиуми поведе прекршочни постапки против телевизиите „Нова“ и „Алфа“, за прекршоци од членот 75, став 1 на Изборниот законик.

Комисијата на денешната седница отфрли предлози за поведување прекршочни постапки против телевизиите „Телма“ и „24 Вести“, за истиот член од законот, со кој се бара правично, балансирано и коректно известување во текот на предизборниот период.

Вчера, Комисијата донесе одлука за поведување прекршочна постапка и против телевизија „Сител“, а беше отфрлено барањето за постапка против телевизија „Алсат“.