Македонија Ад хок телото побара нови казни за медиуми поради непочитување на Изборниот...

Ад хок телото побара нови казни за медиуми поради непочитување на Изборниот законик

Ад хок комисијата за следење на медиумите на денешната седница донела одлука да поднесе барање до Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за поведување прекршочни постапки против неколку телевизии и едно радио, поради прекршување на правилата за изборно медиумско претставување на политичките партии.

„Предлози за поведување прекршочна постапка во која судот ќе изрече прекршочна санкција – глоба, привремената комисија достави за ТВ „Нова“ заради непочитување на член 75-ѓ, став 1 и член 76, став 4 од Изборниот законик. Предлози за поведување прекршочна постапка – опомена, Привремената комисија достави за ТВ МТМ и „К3 телевизија“ заради непочитување на член 75-ѓ, став 1 од Изборниот законик и за „Спортско радио“ заради непочитување на член 76, ставови 1 и 2 од Изборниот законик“, стои во соопштението на АВМУ.

Предложените казни се бидејќи овие медиуми подолго емитувале платена политичка програма на политички партии на власт, емитувале изборни реклами во посебни информативни програми, а во случајот на „Спортско радио“ не била почитувана одредбата за јасно одвојување на платеното политичко рекламирање од другите содржини. За ТВ „Нова“ покрај опомена е побарана и парична казна, бидејќи телевизијата го повторила прекршокот.

На денешната седница ад хок комисијата утврдила непочитување на некои членови и од страна на телевизиите „Едо“ и „Шења“.

„Надзорот над ТВ „Едо“ покажа прекршување на член 75-ѓ, став 1, односно во еден реален час емитувано е повеќе од 8 минути платено политичко рекламирање за партиите на власт. Со надзорот над ТВ „Шења“ е констатирано прекршување на член член 77, став 2, кој се однесува на правилата при објавување резултати од испитување на јавно мислење“, се вели во соопштението на АВМУ.