Свет Абади: Сојузниците не прават доволно во борбата против ИД

Абади: Сојузниците не прават доволно во борбата против ИД

Ирачкиот премиер Хајдeр Абади денеска ја обвини меѓународната коалиција дека не прави доволно во борбата против џихадистичката организација Исламска држава (ИД) и оти клучните членови, како што е Саудиска Арабија, не го спречуваат приливот на странски борци.

– Искрено говорејќи, потребна е голема политичка ангажираност на коалиционите држави. Потребно е објаснување зошто има толку многу терористи од Саудиска Арабија, Персискиот Залив, Египет, европските држави. Ако е тоа поради политичката ситуација во Ирак, тогаш зошто се присутни американски, француски и германски борци – рече Абади на состанокот на коалицијата на западни и на блискоисточни држави во Париз.

Тој рече дека ирачките сили постигнале напредок во борбата против ИД, но оти им е потребна дополнителна поддршка од меѓународната заедница.