Македонија Еди Рама и Хашим Тачи ја одложија посетата на Македонија

Еди Рама и Хашим Тачи ја одложија посетата на Македонија

Поради политичката ситуација во земјава, албанскиот премиер Еди Рама и шефот на косовската дипломатија, Хашим Тачи, ја одложија посетата на Македонија, која требаше да се реализира на 14 мај.

Тие требаше да се сретнат со лидерите на ДУИ и на ДПА, Али Ахмети и Мендух Тачи, за да им дадат поддршка во напорите за подобра соработка на албанските партии во Македонија, а особено да дадат поддршка на ДУИ и на Али Ахмети.