Македонија 80 настани за прославата на 13 Ноември

80 настани за прославата на 13 Ноември

Централниот настан ќе се одржи на 13 Ноември во објектот на Македонскиот народен театар во 19.30 часот

Симон Беличанец, Стојан Тарапуза, Славица Петровска-Галиќ, Дејан Пројковски, Бранислав Давитковски, Ѓулумер Касапи, Африм Османи, Илија Велев, Маја Бошковска и Вејчеслав Поповски се добитниците на годинешните награди на Град Скопје „13 Ноември“.

Наградите ќе им бидат врачени на 13 Ноември, во Македонскиот народен театар во 19.30 часот. По доделувањето, ќе се одржи музичко- сценска изведба „Скопје слободно чекори напред“ во режија на Наташа Поплавска. Мотото на годинешната прослава ќе биде „70 години Скопје слободно чекори напред“. Оваа година во програмата се предвидени 80 настани.

На денот на ослободувањето на Скопје, ќе се положат цвеќиња пред споменикот на ослободителите на Секопје, кој се наоѓа пред платото на Владата и пред споменикот на генерал Михајло Апостолски на Градските гробишта во Бутел.