Хроника 70-годишен пешак загина во сообраќајка во Кисела Вода

70-годишен пешак загина во сообраќајка во Кисела Вода

Седумдесетгодишен скопјанец го загубил животот во сообраќајна несреќа што утрово околу 7 часот се случила на булеварот Борис Трајковски, во населбата Кисела Вода.

Според полициските информации, товарно возило, марка „фолксваген кеди“, со скопски регистрски таблички, удрил во Живојин К. кој се движел пеш. Тој веднаш бил пренесен во Ургентниот центар, каде по кратко време им подлегнал на повредите.

Екипи на Секторот за внатрешни работи Скопје извршиле увид на местото и работат на утврдување на причините и на околностите за сообраќајната несреќа.