Македонија Цело семејство загина во тешка сообраќајна несреќа

Цело семејство загина во тешка сообраќајна несреќа

Три лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа на патот Кичево – Битола, кај селото Белица, попладнево по 13 часот.

При судир на два авотмобила, загинало цело семејство – татко , мајка и нивниот син, кои се превезувале со возило „фолксваген поло“ со кичевски регистерски таблички, потврди портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Во другиот автомобил, „мерцедес“ со прилепски регистерски таблички, тешко е повреден 31-годишниот возач. Со полесни повреди завршила неговата една година помлада сопруга.

На местото на настанот увид прави јавен обвинител и полицијата. Се утврдуваат идентитетите на загинатите. Патот е целосно во прекин во двата правци.