Македонија 660 полицајци на протест пред МВР побараа итно вработување

660 полицајци на протест пред МВР побараа итно вработување

Вкупно 660 невработени полицајци, кои пред речиси три месеци успешно ја завршиле едногодишната обука, денеска излегоа на симболичен протест пред Министерството за внатрешни работи, на кој побараа да бидат вработени.

– По доставеното барање до Министерството за внатрешни работи и до други надлежни органи, јавно излеговме да побараме од нив да имаат предвид дека и по успешно завршената едногодишна обука во центарот за обука при МВР во Идризово и неколку месеци поминати дома во чекање, нашето прашање за вработување сè уште не е решено – рече Ѓоргија Коларовски.

Полицајците по завршувањето на обуката не беа вработени поради почетокот на изборниот процес, за време на кој не е дозволено вработување во државна служба.