Хроника 64-годишен маж извршил полов напад врз четиригодишно девојче во Гостивар

64-годишен маж извршил полов напад врз четиригодишно девојче во Гостивар

На 19 август во Полициската станица -Гостивар, 33-годишно лице од Гостивар, пријавило дека бил извршен полов напад над неговата четиригодишна ќерка, од страна на Д.В. (1952) од Гостивар, на тој начин што откако го повикал девојчето во неговиот дом да го види аквариумот кој го поседувал, и рекол да му седне во скут, по што извршил полови дејствија врз девојчето.

Во тој момент девојчето било повикано од страна на родителите, по што ја напуштила куќата. Од страна на Јавно обвинителство на Д.В. му е одредена мерка притвор во траење од 48 часа и истиот е спроведен во Казнено-поправната установа Тетово.