Подглавна секција 1.375 нови случаи на ковид-19, починати 2 лица

1.375 нови случаи на ковид-19, починати 2 лица

Фото: CDC on Unsplash

Од Министерството за здравство денес информираат дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во изминатите 24 часа регистрирани се вкупно 1.375 нови случаи на КОВИД-19 од направени 7.188 тестирања. Од тестираните, 852 новозаболени се во главниот град.

Од Министерството известуваат дека 217 пациенти се оздравени, додека две лица починале, едно од Скопје на возраст до 75 години и друго од Кавадарци на 61 годишна возраст.

„Досега во земјата се направени вкупно 1.626.464 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 228.540, бројот на оздравени пациенти е 213.722, на починати е 8.000, а бројот на активни случаи изнесува 6.818.“, соопштуваат од Министерството за здравство.