Економија Апостолска: Развиваме економија на која им се даваат подеднакви шанси и на...

Апостолска: Развиваме економија на која им се даваат подеднакви шанси и на жените

Со „Стратегијата за женско претприемништво 2019-2023 година“, која е заснована на планираните цели и активности во областа на женското претприемништво во Европската унија, Владата внесува родова сензитивност во економскиот систем, рече министерката без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска на манифестацијата „Избор на најуспешни жени менаџери“, на која беа прогласени 10 најсупешни жени менаџерки за 2018 година.

„Со оваа старатегија се трасира патот за промена на структурата на нашето стопанство, односно постигнување на таргетот на ЕУ, до 2020 жените да бидат застапени со 40 проценти во управувачките и сопственичките структури на стопанството“, порача Апостолска.

Таа додаде дека целта е да се развие економијата на начин кој ќе понуди подеднакава шанса за сите, вклучително и за жените.