Македонија Зоран Заев го честиташе празникот Свети Климент Охридски

Зоран Заев го честиташе празникот Свети Климент Охридски

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, по повод празникот Свети Климент Охридски, упати честитика до сите граѓани од православна вероисповед.
„Чествувањето и почитувањето на делото на големиот светител Климент Охридски, кој целиот свој живот го посветил на просветителство и на описменување, е од огромно значење за зачувувањето и за унапредувањето на македонската култура и на цивилизациските вредности со универзално значење.
Просветното и книжевно творештво на Свети Климент Охридски, основоположникот на Охридската книжевна школа и творец на кириличното писмо, остави темелна трага во културниот и во духовниот развој на македонската, како и на многу други нации во светот.
Одбележувајќи го денешниот ден, се потсетуваме и на суштинското значење на солидарноста и на почитувањето на заедничките вредности кај луѓето.
Големите дела на свети Климент Охридски нè обврзуваат сите нас, втемелените патеки на меѓусебно разбирање, почитување и на помагање да ги промовираме и заеднички да ги поттикнуваме.
Нека е честит и за многу години празникот“, се вели во честитиката на претседалот на СДСМ, Зоран Заев.