Македонија Жичарницата на Водно ќе сообраќа до 20 часот

Жичарницата на Водно ќе сообраќа до 20 часот

Фото: ЈСП Скопје

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје информира дека од овој месец Жичарницата ќе сообраќа два часа подолго, поточно од 10 до 20 часот. Последното возење од Средно Водно кон врвот ќе биде од 19 до 19,30 часот, а обратно во 19,45 часот.

Со новото, продолжено работно време на Жичарницата ќе биде усогласен и возниот ред на автобуските линии до Средно Водно. До таму сообраќаат линиите 25, 25А и 25Б. Линијата 25 сообраќа секој ден, а линиите 25А и 25Б само за време на викенд и државен празник.

Новото работно време, велат од ЈСП, ќе важи до септември. Секој понеделник и секој последен вторник во месецот за Жичарницата се неработни денови.