Македонија Жерновски: Зошто би шпиунирал општина која не работи добро

Жерновски: Зошто би шпиунирал општина која не работи добро

Андреј Жерновски, градоначалник на Центар, вели дека во Општината не е вработен човек по име Никола Савовски и ги демантира тврдењата на градоначалникот на Карпош, Стевче Јакимовски, дека тој го пратил овој човек за да предизвика инциденти на последната седница на Советот на Карпош.

– Прв пат слушам за таков настан во Општина Карпош. Не е мој стил да праќам човек да врши некаков надзор. Вокабуларот на мојот колега од Карпош е познат, тоа е за него својствено. Но едно можам да кажам – ако воопшто ми падне на памет да пратам човек да анализира нечија работа, тоа сигурно би било во општина која што функционира добро. Не знам зошто би пратил човек да анализира или да шпинунира општина која е позната во Македонија по долгови. Колку што дознавме Карпош должи 11,5 милиони евра – изјави денеска Жерновски.