Економија Земјоделците ќе можат да користат кредити, во износ од 20 милиони долари

Земјоделците ќе можат да користат кредити, во износ од 20 милиони долари

УСАИД и Министерството за земјоделство заеднички ќе финансираат механизам за парцијално гарантирање кредити, што ќе се овозможи зголемено кредитирање на индивидуалните земјоделци.

Во следните десет години, ќе бидат гарантирани земјоделски кредити во вкупен износ од 20 милиони долари.

Договорот за соработка меѓу Владата и Агенцијата за меѓународен развој на САД за банкарски гаранции за земјоделство и за рурален развој во Македонија ќе се потпише денеска.