Македонија Здружението на судии ги осуди протестите

Здружението на судии ги осуди протестите

Во денешното соопштение, Здружението на судии на Република Македонија ги осудува протестите против судските одлуки и апелира во случајот „Кежаровски“ да не се користат навреди и омаловажувања на судовите.

„Здружението на судии на Република Македонија ги осудува протестите против судските одлуки, без разлика што е загарантирано правото на протест на секој, судските одлуки единствено можат да се преиспитуваат во судска инстанца и непримерно е да се попречува работата на судовите и притоа да се користи улична демократија за промена на одлуки, која и тие кои протестираат се свесни дека не можат да ги издејствуваат надвор од институционалното и во судска инстанца преиспитување на судската одлука“, се вели во соопштението.