Македонија Затворениците се вратија на затворската храна

Затворениците се вратија на затворската храна

Затворниците од затворот во Штип го прекинале штрајкот со глад, со што дале простор до утре претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Велјаноски, да одговори на иницијативата за собирање потписи за законски измени на Законот за амнестија.

Повеќе од 200 затвореници, кои одбиваа затворска храна, синоќа вечерале во затворската менза. Сепак, прекинот на штрајкот со глад е привремен, додека не се види рекацијата од Собранието.

Затворениците бараат законски измени преку кои ќе бидат помилувани тие на кои им останала уште 40 отсто од казната. Од друга страна, од Управата за извршување санкции, информираа дека затворениците не гладуваат бидејќи јадат од храната од пакетите што им ги испраќаат од дома.

За Управата, оваа иницијатива не е можна, бидејќи нема законска основа за покренување.