Македонија Затворен сообраќајот на делницата Градско – Неготино, поради снимањето на францускиот филм

Затворен сообраќајот на делницата Градско – Неготино, поради снимањето на францускиот филм

Поради снимањето на францускиот филм „А фонд“ (A Fond), денеска (19 октомври) во периодот од 5 до 18 часот за сообраќај ќе биде затворен автопатот А1, на делницата Градско – Неготино, информирале од „Мануфактура продукција“, соопшти Автомото-сојузот на Македонија (АМСМ).

Од АМСМ додаваат дека утре (20 октомври) снимањето на филмот продолжува на делницата од мотел „Македонија“ до Градско, поради што од 5 до 18 часот сообраќајот ќе се пренасочува по стариот пат, кој е обележан со соодветна сообраќајна сигнализација.