Хроника Запален автомобил во населбата Чаир

Запален автомобил во населбата Чаир

Утрово околу 2 часот, во полиција било пријавено дека на улицата Вуковарска, во населбата Чаир, бил опожарен автомобил, марка „опел астра“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на И.И. (49) од Скопје, информира полицијата.

Увидна екипа на СВР Скопје извршила увид на местото и како што информираат оттаму, во непосредна близина на возилото биле најдени две пластични шишиња, кои биле предадени за вештачење.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.