Македонија Заев: Промената на изборниот модел ќе влијае врз демократизацијата на извршната власт

Заев: Промената на изборниот модел ќе влијае врз демократизацијата на извршната власт

Претседателот на СДСМ, Зoран Заев, изјави дека партијата ќе се обиде да издејствува промена на изборниот модел во следните две недели. Со него, ќе им се даде шанса и на помалите партии за да учествуваат на изборите.

– Ние го ставивме на маса и се надеваме дека и другите политички партии, меѓународниот фактор, но и граѓанските организации ќе го држат во живот. Ова се денови на отворање на изборното законодавство и тука му е местото на ова. Роковите за дефинирање на изборното законодавство се до крајот на овој, најдоцна до почетокот на следниот месец. Тоа поглавје мора да се затвори. Апелираме јавно, сите да ги кажат своите ставови на работните групи, во функција на демократизација на нашето општество – изјави Заев при посетата на Битола.

Според лидерот на опозицијата, тоа ќе отвори можност да влезат помали политички партии во парламентот, што ќе влијае врз демократизацијата на парламентот, од кој пак зависи и демократизацијата на извршната власт.