Македонија Заев го честиташе Велигден: Да покажеме храброст и непоколебливо да застанеме на...

Заев го честиташе Велигден: Да покажеме храброст и непоколебливо да застанеме на страната на вистината

„Ова е период кога можеби повеќе од кога било сме исправени пред најголемите предизвици како граѓани и како држава. Да покажеме храброст и зрелост и цврсто и непоколебливо да застанеме на страната на вистината, правдата, почитта кон различностите, на страната на човековото достоинство што ја ослободуваат душата и обезедуваат спокоен живот“, пишува во честитката на Зоран Заев, лидерот на СДСМ, по повод претстојниот празник.

„Упатувам искрена честитка, во мое име и во име на Социјалдемократскиот сојуз, до сите граѓани во  Македонија што го чествуваат големиот христијански празник, Христовото воскресение – Велигден. Светлината на Христовото воскрение е симбол на откровението на вистината – спасителка на светот и на човекот. Бидејки во светите празнични денови, посилно од вообичаено сме посветени на значењето на духовните вредности, се надевам дека годинешното чествување на Велигден ќе ја засили вербата и определеноста како индивидуи, но и како општествена заедница, да ги исполниме и негуваме овие свети универзални должности. На сите што го чествуваат Велигден, им посакувам среќни празнични денови, во добро здравје и во духовен мир“, наведено е во честитката.