Македонија Заев: 4.600 граѓани сакаат да кампуваат пред Влада

Заев: 4.600 граѓани сакаат да кампуваат пред Влада

Зоран Заев, лидерот на СДСМ, на денешната прес-конференција на која ја објави  „32. бомба“, одговарајќи на новинарско прашање, истакна дека 4.600 граѓани кажале дека за нив протестот нема да заврши в недела и дека се спремни да кампуваат на улица.

Заев истакна дека власта им прави опструкции  за задушување на протестот, но посочи дека СДСМ нема да го дозволи тоа и дека протестот в недела ќе се одржи.

– Превозниците со кои се договараме, поради притисок, ни ги откажуваат услугите, но ние ќе најдеме решение, ако треба луѓето ќе ги носиме со камиони, багери и со трактори, а се организираме дел да стигнат и со возови. СДСМ ќе превземе сè за протестот да помине во мирна атмосфера – изјави Заев.

Тој апелираше до Никола Груевски да не се труди да го спречи протестот бидејќи нема да успее.