Македонија Вторник, Пресвета Богородица, неработен ден за православните

Вторник, Пресвета Богородица, неработен ден за православните

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ, 28 август 2018 година, вторник, поради празникот Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица), е неработен ден за граѓаните од православна верисповед.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика им го честита празникот на граѓаните од православна верисповед.