Свет Возилата „хјундаи“ ќе се отклучуваат со паметен часовник

Возилата „хјундаи“ ќе се отклучуваат со паметен часовник

Компанијата „Хјундаи“ ја надгради својата апликација „блу линк“ со поддршка за уредите со оперативен систем за паметните часовници „андроид веар“.

Најновата верзија на апликацијата, на сопствениците им овозможува преку паметниот часовник далечински да управуваат со својот автомобил „хјундаи“. Меѓу другото, може да се стартува и да се исклучи моторот на возилото, да се отклучи и да се заклучи, да се вклучат светлата, да се свирне или да се пронајде место за паркирање. Сето тоа може да се прави преку гласовни команди.

За сето тоа да можат да го користат, сопствениците мораат да бидат претплатени на услугата „блу линк“ и, секако, да имаат автомобил со таа опција.