Хроника Возач на скутер удрил во пливач во Охридско Езеро и избегал

Возач на скутер удрил во пливач во Охридско Езеро и избегал

Пливач вчера попладнето бил удрен од воден скутер во Охридско Езеро кај населбата Езерски лозја и бил повреден, а човекот што управувал со скутерот избегал без да му укаже помош.

Како што соопшти СВР Охрид, полицијата во Струга трага по човекот што го управувал скутерот што го повредил 50-годишниот Р.Д. од струшкото село Ливада. Тој пливал на 500 метри од брегот кај населбата Езерски Лозја, а откако скутерот избегал, повредениот од друго лице бил пренесен во болницата во Струга.