Хроника Воз удрил во автомобил близу Гостивар, возачот повреден

Воз удрил во автомобил близу Гостивар, возачот повреден

Во железничка несреќа на патниот премин преку пругата меѓу стојалиштето Тумчевиште и железничката станица во Гостивар, воз вчера удрил во автомобил, при што возачот е повреден, соопшти СВР Тетово.

Возот кој сообраќал од Скопје кон Кичево удрил во „сеат леон“ со тетовски таблички, по што возачот со тешки телесни повреди е однесен во медицинскиот центар во Гостивар. Увид извршила екипа од полициската станица во Гостивар, а железничкиот сообраќај бил во прекин од 18.20 до 21.20 часот.