Дописници Вонредна седница на ДУИ

Вонредна седница на ДУИ

На вонредна седница на Централното претседателство на ДУИ, која почна попладнево околу 14.30 часот, се разговараа за актуелната безбедносна состојба во Македонија, по немилите настани што се случија во кумановско Диво Насеље. На седница што се одржува во седиштето на ДУИ во Мала Речица, посебна партиска група која е во постојан контакт со државните институции, ќе ги информира органите на партијата за инцидентот во Куманово.

Ќе се разговара за можноста да им се пружи помош на семејствата од кумановската населба Диво Насеље, кои претрпеа огромни штети во вооружениот инцидент.

За заклучоците од седницата, партијата ќе информира доцна попладнево преку писмено соопштение.