Дописници Водата од водоводот во Штип може да се пие

Водата од водоводот во Штип може да се пие

Анализите на Центарот за јавно здравје покажале дека водата од градскиот вовод во Штип е исправна и може да се потребува за пиење и за готвење. Ова го потврди директорот на Центарот, д-р Велик Грков, кој рече дека решението за употреба на водата е обврска на Агенцијата за храна и ветеринарство. Граѓаните на општината Штип речиси пет дена не смееја да ја пијат водата од градскиот водовод. По врнежите, беа поплавени бунарите. Водата од водоводот беше заматена, по што беше забранета за употреба.

Како последица на поплавите, денеска ќе се испушта вода од полната акумулација Мантово, поради што Општина Штип упати предупредување до жителите на лакавичкиот регион дека постои опасност од зголемување на водостојот на реката Лакавица.

Од тие причини, Општина Штип апелира на поголемо внимание и на следење на водостојот во Лакавичка Река, кој може да предизвика проблеми за граѓаните, за стоката и за имотите.