Македонија Во Врапчиште протест против спортските обложувалници

Во Врапчиште протест против спортските обложувалници

Жители на гостиварско Врапчиште денеска по петочната молитва протестираа против спортските обложувалници, јави телевизијата 21.

Тие го блокираа патот што минува покрај зградата на општина Врапчиште, и потпишаа петиција на која собраа 800 потписи.

Жителите на Врапчиште реагираат што во објекти наменети за домување се отвораат обложувалници и ја повикаа и централната власт да реагира.

На протестот, во знак на поддршка излезе и градоначалникот на Врапчиште, Исен Шабани.