Македонија Во Црна Гора падна снег

Во Црна Гора падна снег

Денеска во поголем дел од општините што се наоѓаат во северниот дел на Црна Гора паѓа снег.

Како што информираат црногорските медиуми, снег има во Жабљак, Рожаје и во Плевља.

Времето во Црна Гора е умерено облачно, со повремен дожд проследен со грмотевици.

Во утринските часови на северните и на високите делови од земјата наврнало снег.