Свет Европа Во тек е вежба на руските воздухопловни сили

Во тек е вежба на руските воздухопловни сили

Руското министерство за одбрана соопшти дека воздухопловните сили почнале вежби во кои се вклучени неколку стотини авиони и илјадници војници.

Во соопштението, издадено на 25 мај, министерството ги опиша четиридневните вежби како „инспекција“ на борбената способност.

„Инспекцијата се однесува на 12.000 војници, 250 авиони и хеликоптери и 689 видови оружје“, стои во соопштението.