Македонија Во последните 24 часа во Македонија влегле 1.027 мигранти

Во последните 24 часа во Македонија влегле 1.027 мигранти

Во текот на вчерашниот ден, издадени се потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил на вкупно 1.027 странски државјани, од кои 378 од машки и 240 од женски пол, 402 деца што го придружуваат носителот на потврдата и седум деца што патувале без родител.

Како што соопшти МВР, според државјанство, најмногу потврди им се издадени на лица од Сирија (525), потоа на лица од Авганистан (323), додека другите 179 потврди се издадени на лица од Ирак.

Во текот на вчерашниот ден, до Секторот за азил не се поднесени барања за признавање право на азил.

Од почетокот на годинава до вчера, во земјата влегле 80.176 мигранти и бегалци, од кои 38.752 се Сиријци, 25.222 се Авганистанци и 16.199 се Ирачани.