Македонија Во Пакистан од топло починаа повеќе од 120 лица

Во Пакистан од топло починаа повеќе од 120 лица

Најмалку 122 лица починаа од топлотниот бран во најголемиот пакистански град Карачи и во други делови во јужната провинција Синд.

Од саботата, само во Карачи животот го загубиле 114 лица, а осуммина во три други области на провинцијата Синд.

Температурата во големиот пристанишен град, во изминатите два дена достигна до 45 Целзиусови степени, што е блиску до рекордните 47 степени, регистрирани во јуни 1979 година.

Ситуацијата е дополнително влошена по прекинот на електричната енергија, што го погоди водоводниот систем на Карачи. Градот има 20 милиони жители.