Македонија Во окупираниот Луганск нема да има медицинска помош за Украинците што немаат...

Во окупираниот Луганск нема да има медицинска помош за Украинците што немаат руски пасош

Од 1 јануари, Русија ќе престане да дава медицински услуги за Украинците кои не се согласија да добијат руски пасоши во окупираните области

фото: Укринформ

Жителите на окупираните области на регионот Луганск нема да имаат право на медицински услуги доколку немаат руски пасош за потврда на нивниот идентитет. Како што јавува Украинформ, новината ќе стапи на сила од идниот месец.

„Од 1 јануари, непријателот ќе престане да дава медицински услуги за Украинците кои не се согласија да добијат руски пасоши. Тие решија да ја тестираат шемата во областа Старобилск, каде од декември им одбиваат помош на оние кои немаат руски пасош. Невозможно е дури и тешко болните да купуваат лекови во аптека“, напиша началникот на регионалната воена управа на Луганск, Артем Лисохор.