Македонија Во гепек сокрил парфеми во вредност од околу 4.000 евра, цариниците му...

Во гепек сокрил парфеми во вредност од околу 4.000 евра, цариниците му ги нашле

По откривањето на непријавената стока извршена е детална контрола, а во багажот во пределот за алати се пронајдени 106 парфеми, секој од нив во вредност од шест илјади денари

Фото: Царинска управа

На граничниот премин Табановце е спречен шверц на повеќе од сто парфеми од брендот „Гисада“, со вкупна вредност од 240 илјади денари (околу 4.000 евра). Царинските службеници дејствувале откако возач, без да ги пријави, се обидел нелегално да ги внесе парфемите во државата.

Возачот негирал дека има нешто да пријави и тврдел дека носи само лични работи. По откривањето на непријавената стока извршена е детална контрола, а во багажот во пределот за алати се пронајдени 106 парфеми, секој од нив во вредност од шест илјади денари, за кои возачот, ако ги пријавел требал да плати увозни давачки во висина од 49 илјади денари.

Фото: Царинска управа

„Против превозникот е поднесена прекршочна пријава заради непочитување на царинските регулативи. Царинската управа континуирано работи во преземањето на строги акции за сузбивање на криминалот и создавање услови за фер конкуренција“, се наведува во соопштението од Царина.