Македонија ВМРО-ДПМНЕ стана членка на Центристичката демократска интернационала

ВМРО-ДПМНЕ стана членка на Центристичката демократска интернационала

ВМРО-ДПМНЕ денеска на самитот во Будимпешта стана полноправна членка на Центристичката демократска интернационала,  која е светска организација на десни политички партии, извести денеска претседателот на партијата Христијан Мицкоски.

– Тоа е организација на влијателни политичари на светско ниво, и е огромна шанса за стекнување на многу нови пријателства за ВМРО-ДПМНЕ и за заштита на државните и националните интереси на Република Македонија – рече Мицкоски.

Членството ќе биде искористено за зголемено влијание на ВМРО-ДПМНЕ во меѓународните односи, и лобирање за државните интереси членството на Република Македонија во Европската Унија и НАТО алијансата, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.