Македонија ВМРО-ДПМНЕ: Побаравме одложување заради обврските на Попоски

ВМРО-ДПМНЕ: Побаравме одложување заради обврските на Попоски

Од владејачката партија, ВМРО-ДПМНЕ, реагираат на прес-конференцијата на заменичката на претседателот на СДСМ, Радмила Шекеринска, посочувајќи дека „денешната средба на работната група не беше ниту прва, ниту втора, туку досега се одржаа повеќе средби, на кои не присуствуваа претставниците на СДСМ, Радмила Шекеринска и Рената Десковска-Треневска.“

– Радмила Шекеринска, која не дошла на досегашните состаноци, денеска излезе за да критикува други. Врв на лицемерието. За да биде јавноста прецизно информирана, ВМРО-ДПМНЕ навремено побара одложување на денешната средба заради државни и работни обврски на министерот за надворешни работи, Никола Попоски, кој воедно е претставник на ВМРО-ДПМНЕ во оваа работна група. Тој се наоѓа во работна посета на Брисел, каде се сретна со словачкиот заменик-премиер Мирослав Лајчак и со еврокомесарот Јоханес Хан и беше претседавач на состанокот на Советот за стабилизација и асоцијација помеѓу Република Македонија и ЕУ – се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ до јавноста.