Македонија ВМРО-ДПМНЕ напладне со трибина во салата „Борис Трајковски“

ВМРО-ДПМНЕ напладне со трибина во салата „Борис Трајковски“

Во салата „Борис Трајковски“ во Скопје, денеска напладне, ВМРО-ДПМНЕ организира трибина.

„Јавноста низ целата држава ќе има можност да ги чуе позициите на партијата за повеќе актуелни теми и предизвици, ќе се испратат јасни пораки, за она за што се залага и за она што го планира партијата во наредниот период“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Влезот на настанот во салата „Борис Трајковски“ е бесплатен. Ќе говори премиерот Никола Груевски, а главна тема ќе бидат актуелните политички случувања во земјава.