Македонија Владина делегација во посета на Ватикан

Владина делегација во посета на Ватикан

По повод чествувањето на 24 мај, денот на Св. Кирил и Методиј, владина делегација денеска ќе престојува во Ватикан.

На аудиенцијата кај папата Франциск ќе присуствуваат премиерот Никола Груевски, министерот за надворешни работи, Никола Поповски, и министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска.

Тие ќе остварат средба и со државниот секретар на Ватикан, кардиналот Петро Паролин.

Во Рим е и делегација на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА), предводена од архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан.