Македонија Владата поведе постапка за разрешување на Зоран Иванов од позиција претседател на...

Владата поведе постапка за разрешување на Зоран Иванов од позиција претседател на Надзорниот одбор на МИА

Фото: Влада на РСМ

Владата на Република Северна Македонија преку официјалните канали на социјалните мрежи објави дека е поведена постапка за разрешување на претседателот на надзорниот одбор на Медиумската информативна агенција (МИА) Зоран Иванов.

Како што посочуваат од владата разрешувањето е поради недолична јавна комуникација и ширење на говор на омраза кон владини претставници на соседот Република Бугарија.

Според краткото соопштение, постапката за разрешување е на иницијатива на премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи Бујар Османи.